Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

МВР: Не е пријавен ниту еден случај на киднапирање деца во Скопје

Актуелно

МВР: Не е пријавен ниту еден случај на киднапирање деца во Скопје

Во Министерството за внатрешни работи  досега не е пријавен ниту еден случај на киднапирање деца во Скопје од организирана група, соопшти денеска МВР.

– Во врска со информациите кои последните денови се појавуваат на социјалните мрежи дека наводно неколку деца се грабнати или пак имало обиди за грабнувања и киднапирања на деца на територијата на град Скопје од организирана група, Министерството за внатрешни работи на Република Македонија ги информира граѓаните и жителите на главниот град дека досега во Министерството не е пријавен ниту еден ваков случај, стои во соопштението.

Воедно, од МВР апелираат до граѓаните, доколку забележат сомнителни лица во нивните реони, во нивните улици или пак ако слушнат за вакви или слични настани веднаш да пријават на телефонскиот  број 192 или во најблиската полициска станица.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.