Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

МВР поднесе кривична пријава против Ф.С. за убиството на Мартин Јанушев

Вести

МВР поднесе кривична пријава против Ф.С. за убиството на Мартин Јанушев

Имаме несоборливи докази дека лицето Ф.С. е сторител на убиството на Мартин Јанушев, информираше денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при посетата на СВР Скопје.

– Поднесена е кривична пријава, а стапуваат и другите мерки кои треба да бидат преземени во смисла на меѓународна потерница итн. за обезбедување на лицето и целосно расчистување на случајот, рече Спасовски.

Додаде дека имаат индиции за местото каде што се наоѓа сторителот и во моментот МВР е насочено на неговото откривање.

Поранешниот фудбалер Мартин Јанушев беше убиен на 3 ноември годинава со неколку куршуми пред влезот од неговата зграда на улицата „Владимир Комаров“ во скопски Аеродром.

Дел од медиумите во меѓувреме објавија дека зад убиството на Јанушев стои 23-годишниот Филип Секуловски, кој извршувал шестгодишна казна затвор за трговија и поседување дрога. Секуловски, викендот кога беше извршено убиството бил пуштен на слободен викенд, но не се вратил в затвор. Управата за санкции тогаш потврди дека Секуловски не се вратил од слободен викенд и затоа е распишана потерница по него.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.