Актуелно
МВР: Полициските припадници наишле на жесток отпор од терористите
Полициската акција за разбивање на вооружената терористичка група во кумановската „Дива населба“ се уште е во тек. Поради специфичноста на теренот полицијата напредува постепено и врши претрес во сите куќи, информира портпаролот на МВР Иво Котевски.
Групата, како што изјави Котевски, имала за цел да организира напади врз државни институции, а во Македонија влегла од една соседна држава.
– Во моментов се уште се во тек активностите на терен. Станува збор за специфично подрачје со тесни улички и голем број куќи коишто се збиени што претставува дополнителен ризик за полициските единции кои дејствуваат на терен. Полцијата заради спецификите на теренот напредува тактички и мора да врши претреси во сите околни куќи заради безбедносни причини, рече Котевски.
Информациите до кои додшло МВР денвовие укажувале на тоа дека групата влегла илегално во Македонија од една соседна држава и преку свои поддржувачи се засолнила и утврдила подготвувајќи се за идните терористички напади.
– Надлежните служби при Министерството успеја да ја лоцираат во кумановската дива населба односно во неколку куќи во населбата. Сознанијата говореа дека станува збор за група која добро е вооружена и обучена за борба во вакви услови. Врз основа на претходните информации беше изготвен план за постапување и беше формиран штаб којшто ги координира активностите на теренот. Околу пет часот денеска специјалнте единици отпочнаа со реалзиација на планот, рече Котевски.
Полициските припадници наишле на жесток отпор од терористите коишто ги нападнале со автоматско оружје, бомби и снајперски оган.
– На нападот е одговорено исклучително внимателно и соодветно на ситуацијата. Апелираме граѓаните и јавноста да останат мирни, да се воздржуваат а заради чувствителноста на ситуацијата во овој момент не би соопштувале дополнителни детали, рече Котески и најави дека МВР подоцна ќе излезе со целосни информации за преземените мерки.