Актуелно
На 78-годишна возраст почина хрватскиот пејач Арсен Дeдиќ
Легендарниот хрватски пејач Арсен Дедиќ почина денеска во Загреб на 78-годишна возраст.
На 30 јули Дедиќ беше примен поради сепса на интензивна нега на Клиника во Загреб по компликации од вградување ендопротеза на колкот.
Во изминатите два дена состојбата му се влошила нагло, му откажале и бубрезите и вечерва ја загуби битката со болеста, јавуваат хрватски медиуми.