Актуелно
Најавени обилни врнежи и денеска – не излегувајте ако немате потреба
Македонија и денеска ќе биде под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од Медитеранот, која попладне и во вечерите часови ќе предизвика променливо и нестабилно време со врнежи од дожд кои локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Најпрво ќе бидат зафатени западните делови, а потоа, кон крајот на денот и во вечерните часови, ќе се прошират и во централните и североисточните делови. Процесите се очекува да бидат поинтензивни локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, особено во западните делови. Ќе дува повремено и умерен до засилен ветер.
Дневната температура ќе биде во интервал од 25 до 32 степена.
Во Скопската котлина времето ќе биде променливо, а попладне нестабилно со врнежи од дожд кои локално ќе бидат поројни и со грмежи. Врнежите се очекува да бидат поинтензивни кон крајот на денот и во вечерните часови. Дневната температура ќе достигне до 29 степени.
УХМР апелира во случај на појава на електрични празнења внимателноста да биде поголема, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.