Вести
На ГП „Богородица“ и „Дојран“ се чека половина до еден час
Поради зголемена фреквенција на возила попладнево на граничните премини Богородица и Дојран, на македонско-грчката граница, за влез во држава се чека половина до еден час.
Од АМСМ информираат дека на останатите гранични премини нема подолги задржување за влез и за излез од државата.
Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по суви коловози. Зголемен интензитет има на патните правци надвор од градските средини.