Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Најладно во Берово -22 степени, најмногу снег на Маврово

Актуелно

Најладно во Берово -22 степени, најмногу снег на Маврово

Утрово најладно беше во Берово каде се измерени – 22 степени целзиусови, а највисока снежна покривка од 32 сантиметри има во Маврово.

Како што информира УХМР, во Маврово и Битола се измерени -15 степени, -14 Тетово и Крива Паланка, -13 Лазарополе, Куманово, Штип, Скопје Петровец, -12 Струмица, Прилеп, -11 Демир Капија, Виница, Скопје (Зајчев Рид), Крушево, -10 Претор, Пожаране, Тополчани, -9 Охрид, Ѓуриште, Гевгелија и  -6 степени целзиусови во Дојран.

Во поголемиот дел од земјата утрово е ведро, само на север има зголемена облачност. Магла имало утрово во Пелагонија. Понекаде дува слаб променлив ветер.

Денеска претпладне времето ќе биде претежно сончево, а од пладневните часови променливо облачно. Сосема на север и североисток може да се појави слаб повремен снег. Ќе дува слаб ветер претежно од северен правец.

Во понеделник наутро студено, а навечер и во ноќните часови кон вторник ќе има услови за појава на слаб локален снег. Од вторник ќе има постепен пораст како на утринските, така и на дневните температури и ќе настапи период на позитивни дневни температури.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.