Вести
Најмалку 58 загинати и над 500 повредени во нападот во Лас Вегас
Во масакрот во Лас Вегас загинаа 58 луѓе, а 515 се повредени. Напаѓачот е идентификуван како Стивен Педок (64), а одговорноста за најсмртоносниот напад ја презеде Исламска држава.
– Нападот во Лас Вегас го изврши војник на ИД, како одговор на нашиот повик за напади врз државите од (меѓународната) коалиција, објави агенцијата на ИД, Амак.
ИД тврди дека извршителот на нападот пред неколку месеци преминал во Ислам.
Педок се самоуби пред специјалците да упаднат во собата на 32. кат од хотелот Менделеј Беј, од каде тој стрелаше врз присутните на музичкиот фестивал во Лас Вегас.
Тој немал досие, а и никогаш не направил сообраќаен прекршок. Тој пред неколку години купил куќа во населбата Меските во сојузната држава Невада, каде најголемиот број од жителите се пензионери.
Педок е роден на девети април 1953 година, а пред да се пресели во Меските, живеел во Рино и во градот Мелбурн на Флорида. По професија бил сметководител и имал дозвола за лов и рибилов, поради што и поседувал цел арсенал на оружје.
Засега нема никакви информации за неговите верски убедувања.
Претставник на американските власти, претходно соопшти дека нема докази оти Педок бил поврзан со некоја меѓународна терористичка група.
Во врска со нападот, американската полиција ја приведе и 62-годишната Австралијанка, Мерил Денли, која престојувала во иста соба со Педок, но се претпоставува дека во моментот на нападот била во казино. Против Денли, која се преселила во САД пред 20 години, не се покренати никакви обвиненија.
Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп нападот во Лас Вегас го оцени како „акт на чисто зло“.
Во обраќање од Белата куќа, Трамп нагласи дека земјата е „во жалост, шок и тага“ поради масакрот во Лас Вегас.
– Брзината со која дејствуваше полицијата е чудесна и тоа спречи натамошни жртви. Ќе и бидеме вечно благодарни за брзината со која беше пронајден напаѓачот набрзо по првите истрели, истакна Трамп