Актуелно
Најмладата жртва од невремето е осумгодишно дете
По страшното невреме кое вчеравечер го зафати главниот град, во Ургентниот центар во Скопје ноќеска било донесено и мртво осумгодишно дете, кај кое лекарите само констатирале смрт. Не се знае точно од каде е детето, но се претпоставува дека е од реонот на Стајковци.
Екипи на Брзата помош, МВР и АРМ, како и екипи на центарот за управување со кризи се на терен и работат на расчистување на пустошот што го остави невремето.
Според најновите информации кои ги објави МВР и Центарот за управување со кризи, досега во невремето загинале 20 лица, а преку 60 се повредени.