Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Најстудено и најзагадено утрово во Скопје

Вести

Најстудено и најзагадено утрово во Скопје

Најстудено утрово е во Скопје. Според УХМР во во Скопје измерени се – 7 степени, – 6 во Дебар, Демир Капија, -5 во Струмица, Штип, Тетово, -4 во Битола и Скопје, -3 во Лазарополе, Маврово и Куманово, -2 во Крива Паланка, Охрид и Прилеп, 0 во Виница, Претор, 2 Крушево и Пожаране, 3 во Тополчани, 4 во Ѓуриште, 7 во Гевгелија, до 8 во Дојран.

Времето е ведро, претежно тивко и студено. По одделни котлини има слаба магла. Сончево, кон крајот на денот со мала до умерена облачност. Претпладне по некои котлините ќе има слаба магла. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14 степени.

Во Скопје, сончево со слаба магла претпладне. Максималната температура ќе достигне до 8 степени.

Во наредните денови ќе преовладува сончево време со ниски утрински температури. Во утринските часови по котлините ќе има услови за појава на слаба магла.  До недела дневната температура ќе биде во постепен пораст. Во понеделник попладне, а особено во вторник ќе дува засилен северен ветер, кој ќе предизвика значително опаѓање на дневната температура.

Мерните станици на Министерството за животна средина и просторно планирање утрово регистрираа високи концентрации на ПМ10 четичките во Скопје, Битола, Кичево, Тетово, Велес, Кочани, Кавадарци и Куманово.

Во Скојпе најзагадено е во Лисиче со 357,58 микрограми на метар кубен, Ректорат со 302,93, Центар 302,41, Карпош 277,62 и во Гази Баба 186,79 микрограми.

Загадено е во Куманово со 290,84 микрограми на метар кубен, во Битола со 209,47, во Кавадарци со 208,67 микрограми, Тетово 190,62, Кичево 96,71 и Велес 67,32 микрограми на метар кубен.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.