Вести
Најстудено во Маврово, најтопло во Демир Капија и Гевгелија
Умерено до значително облачно со слаб ветер утринава е во Македонија, а на повисоките места дува умерен северен ветер.
Најстудено е во Ѓуриште и Маврово каде се измерени -2 степена, а најтопло во Демир Капија и Гевгелија пет степени.
Крушево и Лазарополе се исто така местата каде утринава температурата е под нулата, односно измерени се -1 степен, додека во Пожаране, Претор и Тополчани 0, Куманово и Берово 1, Скопје Петровец, Крива Паланка, Охрид и Прилеп 2, Штип, Виница, Тетово и Струмица 3, Скопје-Зајчев Рид, Дојран и Битола 4.
Во текот на денот облачноста ќе се намалува и ќе преовладува сончево време со умерена облачност. Ќе дува слаб, вдолж Повардарието и во источните делови умерен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11 степени.
Во Скопје претпладне ќе биде умерено облачно, а во текот на денот сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне до 8 степени.
Најмногу дожд во изминатите 24 часа има наврнато во Гевгелија 17 л/м2, Дојран 10, Штип 7, Крушево 5, Крива Паланка, Берово, Пожаране 4, Куманово и Битола 3, Маврово и Струмица 2 и во Виница и Лазарополе 1л/м2.
Снег се уште има на Маврово до 23 сантиметри, во Ѓуриште 5 и во Лазарополе еден сантиметар.
Според Управата за хидрометеролошки работи, утре ќе преовладува претежно облачно време со слаб источен ветер. Во вечерните часови и во петок претпладне ќе има слаби локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Дневните температурите ќе бидат во опаѓање. Во деновите од викендот ќе биде постудено со уште пониски дневни температури, а утринските во поголем дел од земјата ќе бидат негативни.