Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Најстудено во Скопје -5, најтопло во Крушево 7 степени

Вести

Најстудено во Скопје -5, најтопло во Крушево 7 степени

Со -5 степени утринава најстудено е во Скопје по што следуваат Битола, Берово и Кавадарци со -4, Дебар, Штип, Струмица и Тетово со -3, Демир Капија -2, Прилеп и Куманово -1.

Нула степени се измерени во Охрид и Маврово, 1 степени во Крива Паланка и Гевеглија, 2 степена во Претор и Виница, 3 во Тополчани, 4 во Пожаране и Дојран и 5 во Ѓуриште. Најтопло утрото е во Пожар и Крушево каде се измерени 7 степени.

Утринава на повисоките места и во југоисточните делови е сончево, а во котлините магливо. До крајот на денот на повисоките места и во јужните делови од земјава времето ќе биде сончево и релативно топло за овој период од годината, а по одделни котлини ќе биде магливо и претежно тивко со променлива видливост и посвежо. Кон крајот на денот ќе има појава на локална облачност и слаб ветер од северен правец.

За утре се очекува претежно сончево време со слаб до умерен северен ветер, а по одделни котлините и понатаму ќе има слаба магла.

За време на викендот ќе продолжи периодот на стабилно и суво време со појава на магла по котлините, особено во утринските и ноќните часови.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.