Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Над 1500 корисници од Ченто, Маџари и дел од Инџиково имаат нормално напојување со електрична енергија

Актуелно

Над 1500 корисници од Ченто, Маџари и дел од Инџиково имаат нормално напојување со електрична енергија

ЕВН Македонија соопшти дека нивни екипи ги санирале сите дефекти на среден и висок напон во тетовскиот, кичевскиот, велешкиот, битолскиот, охридскиот, кумановскиот и прилепскиот регион и сега работат на помали дефекти во нисконапонската мрежа.

Компанијата информира дека првите корисници од делот во скопскиот регион кој беше најпогоден од невремето веќе добија напојување.

– Неколку трафостаници во населбите Ченто, Маџари и дел од село Инџиково се под напон и над 1500 корисници веќе имаат нормално снабдување со електрична енергија. Екипите се постојано на терен и проверуваат дали има помали дефекти во нисконапонската мрежа. Се работи и на расчистување на теренот до енергетските објекти во критичниот реон во село Стајковци, Смиљковци, село Сингелиќ, Илинден, пат за Арачиново и др. Како што ќе се создаваат безбедни услови за приклучување, така ќе бидат вклучувани под напон и трафостаниците или улица по улица, корисник по корисник, соопшти ЕВН Македонија.

ЕВН посочува дека целиот регион досега беше без напојување од безбедносни причини за да не се создадат поголеми проблеми и да се доведат во опасност животите на луѓето кои работот на расчистување на штетите и граѓаните кои живеат во тој регион и штети дополнителни на имотите.

– Невремето однесе повеќе бетонски столбови и направи големи штети на енергетските објекти во овој регион. Екипите на ЕВН ќе останат постојано на терен во најкритичниот регион и со над 60 електромонтери вклучувајќи и надворешни фирми партнери на ЕВН ќе работат заедно со полицијата, војската, волонтерите и другите јавни претпријатија на расчистување на последиците од невремето, информира компанијата.

ЕВН Македонија донираше агрегати со чија помош се обезбеди осветлување за една амбулната и други специфични објекти во кризниот регион, а донираше и парични средства на жиро-сметката на Црвениот крст за помош на граѓаните од поплавените подрачја во скопскиот и тетовскиот регион.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.