Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Над 7.000 учесници денеска трчаат на Виз Ер Скопскиот Маратон 2016

Актуелно

Над 7.000 учесници денеска трчаат на Виз Ер Скопскиот Маратон 2016

Над 7.000 учесници од 46 држави ќе се натпреваруваат на годинашниов „Виз Ер Скопски Маратон“,  кој се одржува денеска низ улиците на главниот град, со стартна позиција од порта „Македонија“.

Дванаесеттото издание на маратонот е под покровителство на Град Скопје и Мисијата на Европската унија. Наградниот фонд на маратонот изнесува 17.100 евра.

И годинава за манифестацијата Град Скопје од својот буџет издвои 1.200.000 денари, а ги стави на располагање и сите јавни градски претпријатија. Скопскиот градоначалник Коце Трајановски истакна дека маратонот има културна, економска и туристичка димензија и додаде оти се промовира главниот град и нашата држава.

Се трчаат четири трки-маратон, полумаратон, штафетен маратон и трка на 5.000 метри. И годинава ќе има конкурси за избор на најдобар транспарент и за најдобра фотографија.

Оваа година „Виз Ер Скопскиот Маратон“ е дел од онлајн платформата Codoon, која е наменета само за кинески корисници. На оваа платформа доброволно се пријавуваат лица кои ќе трчаат на различни локации во Кина, во исто време кога се одржува и маратонот во Скопје на 8 мај. Досега се имаат пријавено над 80.000 тркачи во Кина.

Скопскиот маратон традиционално се организира по повод Денот на Европа.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.