Вести
Нападнат поранешниот министер за здравство Тодоров
Поранешниот министер за здравство Никола Тодоров денеска на пладне бил физички нападнат пред Министерството за здравство.
Од МВР информираа дека во полицијата е пријавено дека во 12:05 часот физички бил нападнат поранешениот министер на улица „50 Дивизија“ пред Министерството за здравство. Засега немаат информации дали е пукано од огнено оружје.
Во врска со настанот има приведено едно лице во Полициска станица.
Во Министерството за здравство денеска во 12:30 часот беше најавено примопредавање на функцијата министер за здравство помеѓу Никола Тодоров и Арбен Таравари.