Вести
НАСМЕВКИ НА НИВНИТЕ ЛИЦА: Во Градски парк се трчаше за децата со Даунов синдром (ФОТОГАЛЕРИЈА)
Стотици луѓе ги обелоденија насмевките на децата со Даунов синдром за време на хуманитарната трка организирана од Мечувалечки Клуб Ескрим во саботата во Градски парк, Скопје. Поддршката која беше дадена нема да остане незаборавена.
Пред сите присутни децата со Даунов синдром пренесоа една порака – „И ние го можеме истото како и сите!“. Тие тоа го докажаа за време на трката.
Се повикуваат сите граѓани да го зголемат своето разбирање за лицата кои страдаат со Даунов синдром за да се оттргне негативната перцепција која постои за нив.
Со трката се целеше кон поттикнување на останатите спортски клубови и други организации да ги отворат вратите за децата со Даунов синдром, да ги вклучат во спортот и во општеството и да им се обезбеди еднаков пристап како за сите. Инклузијата како сегмент кој што се разви со помош на хуманитарната трка веќе дава исклучителни резултати во нивниот живот.
Децата ќе можат да спортуваат, да другаруваат и да се радуваат цела година со помош на собраните средства.