Актуелно
Нема договор помеѓу средношколците и МОН
Средношколски пленум и претставниците на МОН не постигнаа довор за време на средбата која во штотуку заврши. Како што изјавија од Пленумот, поради тоа што нема договор и бојкотот и кампувањето ќе продолжат, пренесува Радио МОФ.
За денеска или утре најавија одржување генерален средношколски пленум на кој ќе се планираат идните активности на средношколците.
Претходно на прес конференцијата во МОН, која ја одржаа министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми и Владимир Пешевски, како претставник на Владата, беше посочено дека тие Средношколскиот пленум не го гледаат како легитимно претставничко тело на средношколците. Според нив, денеска средношколците биле повикани заради безбедноста на учениците, загрозена со почетокот на кампувањето.
Од Средношколски пленум велат дека остануваат на своите барања за укинување на екстерното и враќање на стариот концепт на полагање на матурата.