Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Нема македонски државјанин осомничен за поврзаност со „Париската група“

Актуелно

Нема македонски државјанин осомничен за поврзаност со „Париската група“

Германските власти негираат дека државјанин на Македонија пред неколку дена бил приведен во Германија со автомобил полн со оружје. Како што објави синоќа светскиот сервис на Би – Би – Си, „македонски државјанин кој што би можел да биде поврзан со напаѓачите во Париз бил уапсен за време на рутинска контрола на полицијата“ .

Според Баварската крим полиција, уапсениот кој во своето возило марка голф во скриен бункер превезувал цел арсенал автоматско оружје, гранати и експлозиви е од Црна Гора, а возилото било со регистарски таблички од оваа земја.

Црногорецот бил уапсен на 5 ноември, 8 дена пред трагичните настани во Париз во близина на градот Розенхајм на автопат кој води од Германија кон Австрија. Во рутинската контрола која што е честа во пограничниот регион по зголемениот број на бегалци полицајците откриле тајна преграда на подот на возилото каде имало 8 аввтоматски пушки калашњиков, две рачни гранати, револвер, и 200 грама експлозив ТНТ.

Возачот на возилото е 51 годишен државјанин на Црна Гора кој е во рацете на баварските истражители и засега се брани со молчење. Тој на својот уред за навигација го имал впишано Париз како крајна дестинација на своето патување поради што германските власти се сомневаат дека се работи за можна поврзаност со членовите не ИСИС кои убија над 120 луѓе во главниот град на Франција. Анализата на уредот за навигација покажал дека од Црна Гора во Розенхајм , Германија, дошол преку Автстрија, Словенија и Хрватска. Пред полицијата изјавил дека нема информации за пронајденото оружје.

Миннистерот за внатрешни работи на Баварија вели дека има сомнежи за терористички намери на уапсениот или за дистрибуција на оружје за ивршување на терористички напади. Неговиот федерален колега Де Мазиер вели дека има индиции за поврзаност со настаните во Франција но нема докази за тоа.

Германските власти веднаш ги информирале своите француски колеги за уапсениот Црногорец.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.