Актуелно
Нема настрадани и повредени македонски државјани во Париз
Нема македонски државјани меѓу настраданите и повредените во терористичките нападите во Париз, информираат од Амбасадата на Република Македонија во Франција.
Габриел Атанасов, министер-советник во амбасадата вели дека иако има нотирано македонски државјани на некои од местата на кои се случија терористичките напади, сепак, од француската полиција се извесетни дека никој не е повреден и тие се безбедни.
Тој објаснува дека се чувствува тензија во Париз, но македонските државјани може слободно да патуваат, аеродромите се отворени, но се засилени контролите.
За сите информации поврзани со безбедноста на македонските граѓани кои во моментот се наоѓаат во Франција, од МНР апелираат да се контактира македонската амбасада во Париз.
Лице за контакт: Министер-советник Габриел Атанасов.
Телефони: ++ 331 45 77 10 50; ++ 331 45 77 85 77; ++ 331 45 77 10 73
Мобилни телефони: +33 6 32 54 41 36; +336 79 80 12 27
Адреса: 5, rue de la Faisanderie, 75116 Paris
Е-пошта: [email protected]