Вести
Нема загинати и повредени Македонци во погодените подрачја од Ирма
Амбасадата на Република Македонија во Вашингтон досега нема информации за повредени или загинати македонски државјани во погодените подрачја од ураганот Ирма во САД и е во континуирана комуникација со надлежните служби во САД, соопшти Министерството за надворешни работи.
Претставниците од македонската амбасада во Вашингтон стапиле во контакт со македонската државјанка која престојуваше во францускиот дел на островот Сент Мартин, која е евакуирана на безбедно. Во контакт се и со семејството кое се наоѓаше во холандскиот дел на Сент Мартин и кое веќе е евакуирано од островот.
Од МНР апелираат на будност и следење на препораките, имајќи предвид дека опасноста од ураганот се уште не е надмината.
Телефонските броеви за контакт со македонската Амбасада во Вашингтон на кои може да се обратат македонските граѓани во секое време се: 202-390-7418 и 202-667-0501.