Актуелно
Непрооден патот од Средно Водно кон Пантелејмон
Од ноќеска од 01:00 часот блокиран во двата правци, поради свлечиште на земја, е локалниот пат од Средно Водно кон Пантелејмон, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија.
Сообраќајот на локалниот пат с.Стенче-с.Гургурница, на местото Локва, во 21:00 часот е нормализиран и се одвива без никаков застој.
Забраната за сообраќај поради свлечиште на патниот правец А-3 Ресен-Прилеп, обиколница на Битола, е укината и сообраќајот е нормализиран за сите видови моторни возила.
На патниот правец Скопје – Велес одронот е исчистен и сообраќајот е нормализиран. Од превентивни причини сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 500 метри, за што е поставена соодветна сообраќајна и светлосна сигнализација.
Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по наместа влажни коловози.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.
На патниот правец Удово – Гевгелија, на клучката кај с.Марвинци, сообраќајот се одвива по една коловозна лента.
На регионалниот пат Гевгелија – локалитет “Смрдлива вода” во местото „Длабок дол”, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента поради појава на свлечиште.
На патниот правец Р1205 Крупиште – Пробиштип кај село Неокази е направена комплетна санација и сообраќајот се одвива непречено за сите видови на моторни возила без никакви проблеми или ограничувања.
На територија на Струмица, поради оштетување на мост на река Турија, воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на локалниот пат с.Просениково – с.Сарај, а сообраќајот се одвива по заобиколен пат.
На патниот правец Р2232 Кочани – Злетово, кај с. Киселица собраќајот се одвива со ограничена брзина од 30км/ч поради слегнување на коловозот во должина од 50 метри. Поставена е содветна сигнализација.
Поради големи наноси од снег во висина од 1 до 2 метри, во должина од 2 до 3 километра, настанати во текот на 08.04.2015 година во Тетово на локалниот пат с.Стенче-с.Гургурница на м.в.„Локва“, сообраќајот е во целосен прекин. Се преземаат мерки за расчистување на патот.
Во општина Крива Паланка непрооден е патниот правец с.Дурачка река – с.Дренак во должина од 7 км.
На регионалниот пат Куманово-Кратово кај излезот на с.Железница има попуштеност на асфалт во должина од 10 метри и поставени се знаци за предупредување.
На патниот правец Лакавица – Неготино на 7км. над село Лесковица има пропаѓање на патот во должина од 200м. на кој е извршена санација. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација. На овој дел сообраќајот се одвива забавено.
Сообраќајот на патните правци Кочани – Зрновци и Тработивиште – Разловци е во прекинпоради попуштање на мостовите на река Брегалница.
Според известувањето од ИРД Енгинееринг, од 18-ти март 2015 година, започнати се градежни работи на мостот А1-43Л (пред тунелот во Катланово), на автопатот А1 (Е75), делница Велес – Катланово, на стационажа 46 + 934, вклучувајќи должина од околу 250 метри, пред и по мостот. Сообраќајот се одвива по една лента, регулирано со ново поставена сигнализација. Планирано е работите да траат 3 и пол месеци.
Од ГЕИНГ известуваат дека за потребите за изработка на проектна документација за рехабилитација на државен пат А-3, делница Превалец (Кочани) – Делчево, од 12.01.2015 год. започнати се активности на патот, односно геодетско снимање и геотехнички истражни работи и истите се очекува да бидат со времетраење од 5 месеци (до 12.06.2015 год.). Работите се изведуваат во временски период од 06:00 до 19:00 часот.
– Поради изведување работи на пат (гребење на асфалт) на патниот правец Велес – Скопје (од Штипска клучка до тунелот Катланово) сообраќајот се одвива по една коловозна лента, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
– Според известувањето од ИРД Енгинееринг од 10-ти февруари 2015 година, започнуваат работи на мостот А1-69Л, на автопатот А1 (Е75), делница Велес-Катланово, на стационажа 63 + 556, вклучувајќи и должина од околу 250 метри пред и по 250 мостот. Сообраќајот се одвива по една лента и возачите се молат да внимаваат на ново поставената сигнализација. Планирано е работите да траат 3,5 месеци.
– Поради извршување на градежни активности на државниот пат А3, делница Велес – Кадрифаково, сообраќајот се одвива под времен режим на сообраќај, и тоа:
– од крајот на трета лента (депонија Велес) до с. Лозово,
– и од с.Лозово преку с.Сарамзалино до клучка Кадрифаково.
Учесниците во сообраќајот треба да се придржувааат на поставената хоризонтална и вертикална сигнализација се до завршување на градежните активности.
На сите овие патни правци за изведувањето на градежните работи има поставено соодветна патна и сообраќајна сигнализација.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата., информираат од АМСМ.