Вести
НЕРАБОТНИ ДЕНОВИ: Следниот продолжен викенд е дури во април
Голем дел од граѓаните го искористија продолжениот викенд за да отпатуваат и да одморат, а следниот ваков одмор ќе биде дури во април.
Велигден ќе биде на 8-ми април, а неработен ќе биде понеделникот на 9-ти април. Заедно со неработниот Велики петок на 6-ти април, ќе се отвори можност за подолг одмор, односно од петок до понеделник.
Продолжен викенд ќе има и во мај, кога 24-ти мај четврток нема да се работи за празникот на светителите Кирил и Методиj, а во петок на 25-ти мај, нема да се работи за Духовден, што е уште еден продолжен викенд и тоа од четири дена.
Ова се неработните денови и празници за сите граѓани до крајот на годината:
9 април (понеделник) – Велигден, вториот ден на Велигден
1 Мај (понеделник) – Ден на трудот
24 мај (четврток) – Свети Кирил и Методиј
15 јуни (петок) – Фитр Бајрам
2 Август (среда) – Денот на Републиката
8 септември (сабота) – Денот на независноста
11 октомври (четврток) – Ден на народното востание
23 октомври (вторник) – Денот на македонската револуционерна борба
8 Декември (сабота) – Ден на Свети Климент Охридски
Девет празници се верски кои ги слават само одредени заедници, пет се православни, три католички и еден е муслимански.
Неработни денови за граѓаните од православна вероисповед
6 април (петок) – Велики петок пред Велигден
25 мај (петок) – Духовден
28 август (понеделник) – Успение на Пресвета Богородица
За граѓаните од католичка вероисповед
2 април (понеделник) – Велигден, вториот ден на Велигден
1 ноември (среда), Празникот на сите светци
25 декември (понеделник), првиот ден од Божик
За граѓаните од муслиманска вероисповед
21 август (вторник) – Курбан Бајрам