Актуелно
Неуспешен референдумот во Центар: Жерновски им честита на сите кои излегоа на гласање
Насловната фотографија е преземена од Телма
Денешниот референдум во Општина Центар е неуспешен поради фактот дека не беше постигната потребната излезност за да се постигне потребниот цензус од половина од запишаните избирачи во општината.
Според информациите излезноста до 19 часот е 40,5 проценти, со што референдумот е неуспешен.
Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски на прес конференција рече дека денеска е голем ден за граѓаните на Центар и им честиташе на на сите кои излегоа на гласање.
– Нашата битка не завршува тука. Ова е првиот чекор кон враќање на власта во рацете на граѓаните. Резултатите од овој референдум јасно укажуваат дека ВМРО ДПМНЕ и неговите барокни проекти немаат поддршката во Центар. Јас како градоначалник и натаму останувам посветен и ќе работам во интерес на нашата општината и граѓаните“, рече Жерновски.
– ГТЦ денеска освои најмногу гласови во историјата на општина Центар, повеќе од било која политичка партија до сега, порачаа од граѓанската иницијатива „Го сакам ГТЦ“.
По социјалните мрежи видлива е разочараноста од неуспехот на референдумот.