Вести
Ноќните волци со емпатија кон децата аутисти (ФОТО)
И оваа година мото клубот Ноќни волци сончевиот неделен ден го поминаа со аутистичните деца и нивните родители , по повод Интернационалниот ден на аутизмот.
Многу насмеани лица, благородни погледи и чувство на емпатија во едукативното катче на Зоолошката градина на Град Скопје.
Симболиката на подароците што им ги даруваа моторџиите од клубот Ноќни волци, малите моторчиња за најмалите, е во големината на чувството, кога добиваш спонтана и искрена насмевка од најчувствителните, од децата.
Денот го разиграа и танчерите од клубот Еурека, како и многу други учесници на овој посебен ден, со песни, стихови, игри и многу љубов.