Актуелно
Нормализиран сообраќајот на граничните премини со Грција
По тридневен прекин, денеска е нормализиран сообраќајот на патнички и товарни моторни возила и протокот на патници при влез и излез од Грција на сите гранични премини, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Сообраќајот на границата со Грција беше блокиран од петок поради штрајк на грчките цариници. Затворени беа премините „Ники“ („Меџитлија“) и „Дојрани“ („Стар Дојран“), а на ГП „Евзони“ („Богородица“), возила се пропуштаа на секои два часа во времетраење од 15-тина минути.
###