Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Нов дневен весник во Македонија, „Независен весник“

Вести

Нов дневен весник во Македонија, „Независен весник“

Македонскиот медиумски простор од денеска ќе биде збогатен со „Независен весник“, кој со динамика на дневен весник ќе почне да се дистрибуира во Скопје и низ повеќе градови во Македонија, преку сопствена колпортерска мрежа.

Концептот на весникот е да разработува вести и теми од политиката, економијата, културата, социјалната заштита, спортот, шоу бизнисот, сето она што е предизвик за јавноста. Редакцијата на „Независен весник“ е комбинација од долгогодишни искусни и млади новинари.

– Ќе има актуелни теми, новинарски разработени од различни аспекти, спротивставени ставови, длабински анализи, мислења, од перспективи за кои што сметаме дека треба да добијат на гласност. „Независен“ ќе биде збогатен со лични ставови и колумни на етаблирани, но и на свежи лица на домашната општествена сцена. Уредувачката политика е отсликана и во нашиот слоган: Читај Вистина, биди Независен!, најави главниот уредник на „Независен весник“ Слободанка Јовановска.

„Независен весник“ ќе излегува пет дена во неделата, од понеделник до четврок на 16 страници, а петочниот број ќе биде на 24 страници, со тоа што во сите изданија ќе има по три страници на англиски јазик.

Весникот е бесплатен, а за почеток граѓаните ќе можат да го добијат својот дневен примерок на повеќе главни крстосници и фреквентни места во државата.

Според најавите, наскоро весникот ќе треба да се наоѓа и во трговската мрежа, во малопродажните објекти, трафики, хотели, ресторани, во кафулиња и насекаде каде што за тоа ќе има интерес.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.