Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Нов систем за наплата во градскиот превоз во Скопје

Актуелно

Нов систем за наплата во градскиот превоз во Скопје

По едно евро за секој изминат километар ќе добиваaт превозниците од јавниот градски превоз од 1 јануари следната година. Од тогаш ќе почне да се применуваат и новите системи за наплата со електронски билети и автоматско следење на возилата, како и единствена цена кај сите превозници. 

Советот на Град Скопје на денешната седница ќе ги разгледа Предлог-одлуката за линиски превоз на патници во Град Скопје и Предлог-одлуката за утврдување на привремена вредност на надоместок за извршени услуги во линискиот превоз на патници, по критериумот – изминат километар.

Парите од наплатата на превозот со умните билети ќе ги собира Град Скопје, а потоа сите превозници ќе добиваат надомест од едно евро за изминат километар. За секое возило ќе се знае точно колку минало благодарение на системот за автоматска локација. Ќе биде утврден единствен систем на линии во градскиот и во приградскиот превоз и единствен возен ред. Главен носител на јавниот превоз е ЈСП „Скопје“, а може да учествуваат и други превозници кои исполнуваат точно утврдени услови и кои ќе склучат договор со Град Скопје за одржување на одредена линија. Ќе има нов оглас за распределба на линии.

Се предлага цената на билетот и видовите на билети да бидат единствени кај сите превозници. Во функција ќе биде зонски тарифен систем. Ќе има можност за преседнување од еден автобус во друг, зонски, дневен, неделен и викенд-билет. Ќе има обична електронска картичка што граѓаните ќе може да ја користат и во приватните и во автобусите на ЈСП „Скопје“ и ќе може да ја надополнуваат и персонализиран билет, со фотографија и име и презиме на корисникот.

Компанијата „Т-мобиле“ беше избрана од ЈСП „Скопје“ на оглас за воспоставување на новите два система, кои чинат три милиони евра.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.