Актуелно
Нова принцеза во британското кралско семејство: Kејт Миделтон роди ќерка
Сопругата на британскиот принц Вилијам, Кејт Миделтон роди денеска ќерка, соопшти кралската палата.
Во соопштението објавено на Твитер се наведува дека девојчето е тешко 3,7 килограми и оти на породувањето во лондонската болница Сент Мери присуствувал и принцот Вилијам.
Кејт се породила во 8.34 часот по локално време, односно 9.34 по средноевропско време.
За раѓањето на новата британска принцеза информирани се кралицата Елизабета Втора, принцот Филип, принцот Чарлс и неговата сопруга Камила, принцот Хари, како и други членови на семејствата на принцот Вилијам и војвотката од Кембриџ.
Мајката и бебето се чувствуваат добро.