Актуелно
Нова жртва на скопските улици: Прегазен пешак во Ѓорче Петров
Маж почина утринава откако во него удрило комбе во скопски Ѓорче Петров на раскрсницата со улиците „Ѓорче Петров“ и „Мајски Манифест“.
Полицијата информира дека сообраќајната несреќа се случила околу 6:20 часот утринава, кога комбе „Фиат Дукато“ со гостиварски регистерски таблички управувано од 40- годишниот А.Ј. од Гостивар удрил во пешакот.
Од здобиените повреди 76 годишниот скопјанец Благоја Н. починал на лице место.
На местото на несреќата се уште се врши увид, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.