Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Објектите од „Скопје 2014“ оваа сабота во мрак за Часот на планетата Земја

Вести

Објектите од „Скопје 2014“ оваа сабота во мрак за Часот на планетата Земја

Шеста година по ред, Македонија се вклучува во одбележувањето на најголемата светска волонтерска акција Часот на планетата Земја, кога во 20:30 часот по локално време, во период од еден час во мрак ќе потонат над 162 земји и 7000 града ширум светот.

Македонија оваа година го руши минатогодишниот рекорд на исклучени локации, па така оваа година бројката надминува над 60 локации низ целата Република кои ќе го исклучат осветлувањето за Часот на планетата Земја.

Централниот настан е закажан на улица Македонија, кога во 20:30 часот веднаш по исклучувањето на целосното осветлување, скопјани ќе бидат сведоци на неверојатен флеш моб перформанс со специјални светлечки ефекти, а настапот ќе биде поддржан од волонтерите на Црвениот крст кои ќе ја осветлат улица Македонија со свеќи.

Освен оваа локација, во градот Скопје во мрак ќе потонат и порта Македонија, Камениот мост, Скопската тврдина, Музејот на холокаустот, новиот објект на Македонскиот народен театар, Музејот на македонската борба, Археолошкиот музеј, објектот на АЕК, мостот „Око“, Мостот на уметноста и плоштадот „Филип Втори“.

И скопските општини Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров најавија своја поддршка кон акцијата и во 20:30 часот ќе го  исклучат осветлувањето на повеќе локации на својата територија.

Во Охрид, пак, во мрак ќе потонат Самуиловите тврдини, црквата „Канео“ и споменикот на свети Кирил и Методиј.

Своја поддршка кон акцијата најавија и градовите Прилеп, Кавадарци, Ресен, Струмица и Битола, а осветлувањето ќе биде исклучено и во резерватот Јасен, цементарницата Усје и салоните на мобилниот оператор ВИП.

– „ Можам само да потврдам дека оваа година го имаме најголемиот час за планетата Земја во Македонија. Ги повикувам сите граѓани да ја покажат својата моќ и да ги исклучат светилките оваа сабота во 20:30 часот. Македонијо, вклучи се во акцијата и исклучи ги светилките“ – изјави Ѓорги Селков, главен организатор на акцијата во Македонија.

Во Часот на планетата Земја трета година по ред се вклучува и Црвениот крст на Република кој преку своите 34 општински организации и Црвениот крст на град Скопје помагаат во проширување на акцијата низ целата Република.

Со тоа, бројот на локации кои ќе потонат во мрак за Часот на планетата Земја оваа година е 64, што е надминување на рекордот од минатогодишната акција.

Освен овие локации, во многу кафулиња низ главниот град, но и низ Републиката ќе бидат организирани разни настани за одбележување на Часот на планетата Земја. Во кафулето Телеком Тренд, ЕВН Македонија традиционално втора година по ред организира Ноќно читање под светилки, а слични настани со осветлување со свеќи се очекува и во кафулињата по улица Македонија.

И познатите личности испратија своја порака за спас на планетата Земја. Даниел Кајмакоски, водителките Снеже Велков и Татјана Алексиќ, девојките од „зад сцената – магазинот Бекстејџ“ Марија и Габи, актерите Атанас и Тино, но и твитер-заедницата ве повикуваат и вие да ги исклучите светилките за Часот на планетата Земја. Нивната порака можете да ја погледнете тука (линк до видео: https://www.youtube.com/watch?v=46DXKMisbnc)

Освен Црвениот крст на Република Македонија, пријатели на акцијата се Министерството за животна средина и просторно планирање, ЕВН Македонија и Агенцијата за енергетика на Република Македонија.

За крај ја испраќаме пораката – МАКЕДОНИЈО, ВКЛУЧИ СЕ ВО АКЦИЈАТА И ИСКЛУЧИ ГИ СВЕТИЛКИТЕ ОВАА САБОТА ВО 20:30 ЧАСОТ!

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.