Актуелно
Обама: Нападите во Париз се напад на целото човештво
Американскиот претседател Барак Обама изјави дека нападите во Париз се „атак на целото човештво“ и вети дека ќе работи заедно со Франција на тоа одговорните да бидат изведени пред лицето на правдата.
– Кога и да се случеле вакви настани, секогаш сме можеле да сметаме дека францускиот народ ќе биде со нас. Тие се исклучителен партнер во борбата против тероризмот. Ние ќе бидеме тука за нив на истиот начин, изјави Обама, по нападите во Париз, во кои се убиени најмалку 126 лица.
Во меѓувреме, претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер изјави дека е „длабоко шокиран“ од нападите во Париз. – Ние во целост се солидаризираме со народот на Франција, напиша Јункер на својот Твитер налог.
Британскиот премиер Дејвид Камерон изјави дека е „шокиран“ од координираните напади во француската престолнина.
– Нашите мисли и молитви се со францускиот народ. Ќе направиме се што можеме за да помогнеме, рече британскиот премиер.