Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Обилен снег на дел од патиштата, забрана за автомобили преку „Буково“

Вести

Обилен снег на дел од патиштата, забрана за автомобили преку „Буково“

Забрана за движење на планинскиот превој „Буково“, покрај за тешки товарни возила, е воведена и за патнички моторни возила. Поради обилните снежни врнежи, МВР апелира на магистралните патишта Охрид-Кичево  и Охрид-Ресен да се вози  при исклучителна нужност за да се избегнат евентуални несакани последици.

СВР Охрид, укажува Министерството, презема засилени мерки за безбедност и контрола на сообраќајот и спроведува мерки за забрана на движење на тешки товарни возила кон планинските премини „Пресека“, „Буково“ и кон граничниот премин „Ќафасан“.

Поставени  се сообраќајни контролни пунктови кај „Подмолје“ на магистралниот пат Охрид-Кичево и кај „Емо“ во близина на село Косел на магистралниот пат Охрид-Ресен.

– На тие патни правци не се дозволува движење на тешки товарни возила, а посебно напоменуваме забраната за движење се однесува и на патничките моторни возила. Поради тоа, а со цел избегнување несакани последици, апелираме на исклучива нужност во користењето на патничките автомобили, а кон спомните патни правци и целосно почитување на важечките забрани за движење на тешките и други моторни возила и секако почитување на инструкциите и насоките на полициските службеници кои се на терен, соопшти МВР.

Како што потсетува, за сите моторни возила неопходно е носење и користење зимска опрема.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.