Вести
Облачно и ветровито со повремен дожд
Времето во Македонија ќе биде претежно облачно и ветровито со повремени врнежи од дожд. Во западните и источните подрачја врнежите ќе бидат пообилни, особено попладне и преку ноќта. На планините врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер, особено претпладне. Температурата ќе се движи од шест до 15 степени.
Во Скопје ќе биде претежно облачно и ветровито со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер, особено претпладне.
Температурата ќе достигне до девет степени.
Под влијание на влажен бран од пладне и ноќта кон недела ќе има врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните и источните делови (локално околу 25л/м2). Поради спуштање на постуден воздух од север, на планините врнежите ќе бидат од снег, а во недела врнежи од слаб снег ќе има и на некои места повисоки од 600 метри надморска височина, при што ќе се формира и снежна покривка. Локален слаб снег, особено во западните делови ќе има и во понеделник. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а температурите значително ќе опаднат.