Вести
Облачно со пораст на температурата
Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со подолги сончеви периоди, особено попладне. Од вторник облачноста ќе се намали и ќе преовладува претежно сончево време со пораст на дневната температура.
Во Скопје слично време, променливо облачно со сонце. Утринската температура ќе се спушти до нула, а дневната ќе достигне седум степени.
Поради намалувањето на облачноста, утринските температури на повеќе места ќе бидат негативни и во опаѓање. До средината на работната седмица ќе дува северен ветер, кој во среда вдолж Повардарието повремено ќе се засилува.
В петок и сабота дневната температура ќе се движи од 10 до 15 степени.