Вести
Облачно со пороен дожд и засилен ветер
Времето ќе биде променливо и облачно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално врнежите ќе бидат поинтензивни и со појава на град, особено во јужните и источните делови од земјата.
Утринската температура ќе се движи од четири до 11, а дневната од 19 до 26 степени во крајниот југоисточен дел.
Во Скопје ќе преовладува променливо време, а попладне ќе биде нестабилно и облачно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе се спушти до седум, а дневната ќе достигне до 24 степен.
Во среда се очекуваат локални слаби врнежи од дожд, особено во претпладневните часови. Ќе дува умерен ветер од северен правец кој ќе предизвика опаѓање на дневната температура која ќе се движи од 14 до 21 степен.