Вести
ОБЛАЦИ СО ПРАШИНА ПО СИЛНИОТ ВЕТАР: Високи концентрации на ПМ10 честитки во Скопје
Силниот ветер кој попладнето го зафати Скопје го зголеми и нивото на ПМ10 честички во воздухот, како што покажуваат мерните станици за квалитетот на воздухот кај Ректорат и во Центар, загаденоста изнесува повеќе од 600 микрограми на метар кубен ПМ-10 честички.
Во Центар загаденоста е 864, што е за 35 пати поголемо од дозволеното. Загаденост покажува мерната станица на Ректорат каде има 684 Пм-10 честички, во Бутел 281, во Карпош 182. Висока загаденост има и во другите градови како што е Куманово каде нивото 330 ПМ-10 честички и Тетово каде што е 200.
Инаку, во текот на денешниот ден поради силниот ветер во Скопје имаше голема прашина. Максималната граница на овие штетни честитки е само 25 микрограми на метар кубен.