Актуелно
ОБСЕ: Враќање на безбедноста од суштинско значење
Враќањето на безбедноста е од суштинско значење, а прецизното објаснување на настаните преку темелна истрага на надлежните органи ќе помогне во тоа, се вели во пишаната изјава од амбасадорката Мариане Берец, вршител на должноста шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
– Мисијата на ОБСЕ во Скопје апелира до сите да останат смирени. ОБСЕ е подготвена да ги поддржи напорите во насока на решавање на ситуацијата на мирен начин и спречување на натамошна ескалација, се вели во соопштението од ОБСЕ по повод операцијата за разбивање на терористичката група во кумановската „Дива Населба“, која е завршена попладнево.
Амбасадорката Берец, воедно, во изјавата изразува сочувство до семејствата и најблиските на полицајците кои ги загубија животите за време на настаните во Куманово и им посакува брзо оздравување на сите повредени.