Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Од 3 до 9 август Охрид ќе биде домаќин на над 800 студенти од областа на медицината

Актуелно

Од 3 до 9 август Охрид ќе биде домаќин на над 800 студенти од областа на медицината

Од 3-9 август, Охрид ќе биде домаќин на 64-то Генерално Собрание на Интернационалната Федерација на медицински студентски асоцијации – ИФМСА, со над 800 учесници од 120 земји ширум светот.

По собранијата во Данска, Чешка, САД, Тунис, Тајван и Турција, пред нашата држава стои огромен предизвик. Организаторите – студентите од Македонската медицинска студентска Асоцијација велат:

– „Ни треба огромна поддршка, сакаме да му докажеме на светот дека и Македонија може да ги исполни стандардите на ИФМСА како една од најголемите студентски организации во Светот, броејќи над 1,5 милиони членови и организациите кои ја поддржуваат, меѓу кои СЗО, ОН и UNESCO.“

За тема на настанот е избрана „Миграција на здравствените работници“.

– „Голем број на светски експерти, претставници на организациите со кои соработуваме, особено СЗО, ќе дискутираат заедно со нас на темата и мерките кои се превземаат за да се соочиме со проблемот. Сите сме засегнати, промените се неопходни. Досегашната работа на колегите од ММСА – Македонија е изненадувачка, очекуваме одлични резултати и продуктивни 7 денови во Охрид“ – вели Агостињо Суса, претседател на Федерацијата.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.