Актуелно
Од денеска авионска линија Белград – Охрид
На охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ денеска ќе слета првиот авион на „Ер Србија“ со што официјално ќе се означи воспоставувањето на авионската линија Белград – Охрид.
На настанот најавено е присуство на генералниот менаџер на ТАВ Македонија, Зоран Крстевски, главниот извршен директор на „Ер Србија“ за врски и односи со Владата, Бранимир Маловиќ и на градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачевски.
Воспоставувањето на оваа авионска линија се очекува да придонесе во развојот на туризмот и во зголемувањето на бројот на туристи од Србија, но и од други европски држави со кои белградскиот аеродром има директни конекции. Исто така, македонските граѓани ќе имаат поволни можности да патуваат до Србија и до европските држави.