Актуелно
Од денеска пробно ќе функционира електронската наплата во автобусите на ЈСП
Новиот систем за електронска наплата и автоматска локација во автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ ќе почне да функционира пробно, а во автобусите на приватните превозници треба да се воведе од почетокот на следната година.
Почетокот на користење на новата смарт картичка во автобусите на ЈСП ќе го означат градоначалникот на Скопје Коце Трајановски и директорот на ЈСП Скопје Игор Јанушев, кои во просториите на ЈСП Турс ќе го промовираат системот за автоматска локација на возила и за електронска наплата во автобусите на јавниот градски превоз.
Од денеска започнува пробното користење на електронската картичка во автобусите на ЈСП.