Актуелно
Од гром загина маж, а жена е тешко повредена во прилепско
Педесет и петгодишен прилепчанец попладнево загина од удар од гром, а една жена е повредена и пренесена во Градската болница во Прилеп.
Според началникот на Службата за итна медицинска помош Гоце Јонзоски, станува збор за Гоце Трајкоски, роден 1960 година, пензиониран полицаец.
– Трагедијата се случила во атарот на прилепското село Беровци, во месноста Долно Садово пред 17 часот кога имаше силни грмотевици. Мажот и жената биле на отворено крај машина за нижење тутун, која најверојатно, го привлекла громот. Мажот починал на местото на несреќата, а жената со тешки повреди е префрлена во Градската болница, изјави Јонзоски.