Вести
Од почетокот на годината граѓаните дишеле 28 дена загаден воздух
Вечерва е повторно загаден воздухот во главниот град. На повеќе мерни станици, меѓу кои Лисиче, Ректорат и Гази Баба загадувањето го премина прагот од 200 микрограми на метар кубен од ПМ 10 честички.
Скопјани и покрај мерките против аерозагадувањето и денеска ги дишат канцерогените честички.
Инаку, според податоците на министерството за животна средина, во новата 2018 година, од 31 ден, граѓаните дишеле загаден воздух дури 28 дена.
Вонредните мерки како бесплатен автобуски превоз, интензивно метење и миење на градските улици, забрана за влез на камиони чија крајна цел не е Скопје – се активираат по трет пат оваа сезона