Вести
Од утре локални врнежи од дожд
Под влијание на серија влажни бранови од утре се очекува промена на времето со повремени локални врнежи од дожд и снег на планините.
Врнежите ќе бидат со слаб до умерен интензитет и повеќе се бидат застапни во западните делови од државата. Во вторник и среда долж Повардарието ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер.
Температурите ќе бидат над нулата. Утре ќе се движат од 0 до 10 степени, а од среда максималните температури ќе бидат во пораст.