Вести
Одбележување 110 години од смртта на Никола Карев
Денеска се одбележуваат 110 години од смртта на претседателот на Крушевската Република, Никола Карев.
По тој повод во Собранието на Република Македонија за ликот и делото на Никола Карев ќе говорат претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, академик Блаже Ристовски и директорот на Институтот за национална историја Драги Ѓорѓиев.
Делегација на Собранието на Република Македонија по повод одбележувањето 110 години од смртта Никола Карев, ќе положи цвеќе пред споменикот на Никола Карев пред зградата на Собранието на Република Македонија.