Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Одложено судењето за „Пуч“

Вести

Одложено судењето за „Пуч“

Судењето за случајот „Пуч“, чиј почеток беше закажан за денеска во Основниот суд Скопје 1, е презакажано за 7 септември поради отсуство на лидерот на СДСМ Зоран Заев, кој е еден од обвинетите.

Судијата Љубинка Башеска констатираше дека Заев е неоправдано отсутен и дека нема сознанија зошто не се појавил пред Судот.

Адвокатите на одбраната побараа судењето да биде одложено на подолг рок, бидејќи има постигнато политички договор случајот да го води специјален обвинител.

Судијата Башеска рече дека не ја интересираат политичките околности, бидејќи за случајот се уште има луѓе во притвор, поради што бараше судењето да биде закажано на пократок рок.

Заев неодамна изјави дека нема да се појавува на судењето за „Пуч“ бидејќи не го признавал македонското судство.

Во случајот „Пуч“ обвинети се поранешниот разузнавач Зоран Верушевски, неговата сопруга Соња, општинскиот службеник од Струмица Бранко Палифров, лидерот на СДСМ Зоран Заев и Ѓорги Лазаревски, вработен во МВР. Тие се осомничени за неовластено прислушување, шпионажа и насилство спрема претставници на највисоките државни органи.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.