Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Одново воведена вонредна состојба во Истанбул

Актуелно

Одново воведена вонредна состојба во Истанбул

Турските власти доцна синоќа одново воведоа вонредна состојба во Истанбул, при што низ улиците на градот беа распоредени дополнителни 1.800 полицајци од околните окрузи, јави агенцијата Анадолија. 

Според истиот извор, во текот на ноќта низ градот било видливо засилено присуство на полициски патроли, а полцијата добила и наредба да го урне секој хеликоптер кој ќе се крене во воздух без одобрение.

Поводот за ваквата одлука на турските власти засега не е познат.

Претходно, турскиот премиер Бинали Јилдирим ја пофали солидарноста меѓу четирите партии застапени во Собранието на Турција за време на неуспешниот обид за воен удар во земјата.

– Независно од нивните политички ставови, сите партии заедно застанаа против пучот, изјави синоќа Јилидрим пред поглема група приврзаници на Владата собрани на централниот плоштад во Анкара.

Синоќа низ градовите ширум Турција се одржаа собири за поддршка на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и на Владата, на кои присуствуваа повеќе десетици илјади луѓе.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.