Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Охридско Езеро крие седум потонати бродови

ИЗВОР: МИА

Вести

Охридско Езеро крие седум потонати бродови

Седум бродови во Првата светска војна се потонати во Охридското Езеро. Нивните остатоци се уште се кријат на дното на Охридското Езеро во близина на Струга. Потонатите бродови  во Охридското Езеро ги истражува и докуметира Центарот за нуркање „Акватек“.

Даниел Атанасовски од Акватек за МИА вели дека  бројот на бродовите не е точно утврден и досега не се доволно документирани.

– Познати се доста информации поврзани со овие бродови како нивниот производител и тоа дека биле користени за транспортирање голем товар, истакнува Атанасовски и додава дека има простор и мотив за понтамошно истражување.

Бродовите се наоѓаат на 1.000 метри од крајбрежјето покрај градот Струга на длабочина меѓу шест и седум метри. Атанасовски вели дека познати се доста информации поврзани со овие бродови, како нивниот произведувач и тоа дека биле користени за транспортирање на голем товар.

–  Конечниот број на бродови треба да се потврди, а се смета дека се седум, односно два главни брода кои влечеле позади нив помошни бродови што носеле товар. На нив се откриени ознаки веројатно од производителот на бродовите „Bolzano, Tedesko & Co“, посочува Атанасовски.

Нема точни информации кој ги открил првпат, но од тогаш не се истражени детално. Екипата на „Акватек“, како што вели Атанасовски, заедно со подводниот археолог Никола Паскали, ќе продолжи со истражување, документирање и промовирање на овој локалитет.

–  Тимот на „Акватек“ има за цел да ги документира соодветно бродовите, со сите детали, во соработка со Никола Паскали, член на Акватек, како и подводен археолог, кој бил дел од првите експедиции на овој локалитет, вели Атанасовски. Се надева дека дека локацијата ќе биде заштитена како археолошки локалитет, дека ќе се најдат средства за да се истражат бродовите детално и да се создаде документација која потоа ќе може да биде презементирана и ќе го промовира локалитетот како нуркачка атракција за професионални и рекреативни нуркачи.

Од своите активности имаат создадено и видео за бродовите кое е објавено во каналот Јутуб .

Мотивацијата за истражување и документирање на бродовите во Охридското Езеро, според Атанасовски, е да се создаде квалитетна фотографска и видео архива која ќе се користи понтаму за истражувачки цели, како и за промоција на локалитетот.

Нуркачкиот и едукативен центар „Акватек“ организира и е дел од експедициите како што се документирање и истражување на археолошки локалитети, техничко нуркање, истражување подводни пештери, акции за чистење подводни површини, разни обуки за рекреативни и технички нуркачи.

Во Охридското Езеро има многу пловни објекти кои се стари, дотраени и кои се закотвени, а неодамна започнаа активности за излвелкување на бродчето „Мис Стон“ од Студенчишкиот канал поради излевање на гориво. Бродчето  беше закотвено во каналот и делумно беше под вода.

Прочитај повеќе
Маркетинг
Можеби ќе ти се допадне...

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.