Актуелно
Оланд: Нападите во Париз се акт на војна, извршени од Исламска држава
Францускиот претседател Франсоа Оланд ја обвини денеска Исламска држава дека е одговорна за серијата терористички напади во Париз, во кои загинаа 128 лица, а 250 се повредени.
Според дел од француските медиуми, во нападите загинаа 153 лица и околу 200 се ранети.
– Тоа, што се случи вчера е акт на војна, извршен од терористичката војска – Даеш (Исламска држава), организиран во странство, помогнат од внатрешни соработници, кои истрагата ќе ги идентификува.
– Бидејќи беше нападната на кукавички и подмолен начин, со насилство, Франција ќе биде безмилосна против варварите од Даеш. Преземени се сите мерки за заштита на нашите сограѓани и на нашата територија, рече претседателот во Елисејската палата. Тој ги повика Французите да се обединети и да останат смирени.
Во обраќањето до нацијата, Оланд истакна дека војската и силите за внатрешна безбедност ќе ги преземат сите мерки за да ги неутрализираат терористите.
Мерките за безбедност се подигнати на највисоко ниво, а војската ќе патролира во Париз.
Оланд додаде дека во понеделник, на 16 ноември, ќе се обрати на вонредна заедничката седница на двата дома на парламентот и најави официјална тридневна национална жалост.