Актуелно
ООУ “11 Октомври“ утре нема да работи
Општинското Основно Училиште „11-ти Октомври“ во Скопје утре ќе биде затворено за настава.
Како што е наведено во соопштението од општина Центар, ова е заедничка одлука на градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски и заменик-министерот за образование и наука, Спиро Ристовски.
– Заедничката одлука е донесена по добиените сознанија за труење на учениците и ќе важи до завршување на комплетните испитувања за појавувањето на труењето, се вели во соопштението од општина Центар.