Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Опозицијата вчера протестираше пред Mинистерството за финансии

Актуелно

Опозицијата вчера протестираше пред Mинистерството за финансии

„Оставка“, „Вратете ги парите“, „Ставрески оди си“, ова се само дел од скандирањата на стотина демонстранти кои вчера пред министерството за финансии го искажаа револтот од економските политики на актуелната власт.

Претставници на најголемата опозициска партија СДСМ, активисти, граѓани, кампери пред објектот на Владата дојдени од сите градови во земјава порачаа дека револтот е голем и време е премиерот и министрите да го увидат тоа.

-Груевски е тој којшто одлучува кој ќе добие бизнис, колку пари од тоа ќе отидат во партиска каса, во лични сметки, Груевски одлучува кои писма ќе останат во архива, а кои не. Сакаме со овојпротест да ги потсетиме министрите и премиерот кои бегаат од владината зграда дека надвор им се случува огромен револт. Сакаат да го избегнат, сакаат да ги затворат очите и ушите, меѓутоа овој народ покажува дека секој ден сме подготвени да протестираме, за да ваквото и корумпирано и автократско владеење, истакна заменик-претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска, која исто така учествуваше на маршот.

Граѓаните велат дека потребно е оставка од целата власт. Тие стравуваат од задолжувањето, за кое велат дека ќе имаат и долг и нивните правнуци во иднина.

„Сè преку глава. Не знам оваа Влада, новата што ќе дојде дали ќе може да отплати се ова, нашите правнуци ќе имаат долг.“

„Овој народ сите бараме оставка, целосна оставка. Не уништи оваа влада, уште ли да ги трпиме? Целосно бараме оставка.“ велат граѓаните.

Од министерството за финансии, колоната демонстранти продолжи продолжија кон ТЦ Рамстор, и повторно се вратија кај Владата.

По протестот, пред Владата во антивладиниот камп пред граѓаните се обратија новинарот Младен Чадиковски, политичарот Драган Тевдовски, бизнисменот Борче Чупетрески и универзитетскиот професор Крсте Шајновски кои укажаа на алармантната состојба на економијата во земјава.

d5

Ова е единаесетти ден како граѓаните поставија кампови пред Владата и бараат оставки и одговорност за прислушуваните разговори кои ги обелодени лидерот на СДСМ Зоран Заев. Сè додека не се исполнат нивните барања, камперите велат дека немаат намера да ја напуштат локацијата.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.